„Среќен Божик“ е првата СМС порака која е испратена на 3 декември 1992 година, а не е напишана на мобилен телефон, туку на компјутер. Оваа година се прославуваат 25 години од испраќањето на првата кратка порака.
Иако денес се поголем број на луѓе комуницираат преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, како и интернетските сервиси, на пример Вибер, кои овозможуваат бесплатна размена на пораки, најпопуларниот начин за текстуална комуникација и понатаму е СМС-от.
Според некои аналитички компании, 92 отсто од корисниците на паметни телефони и понатаму го користат овој начин на размена на текстуална порака.