Компанијата Самсунг претстави нов телевизор Ф9500 кој овозможува гледање две различни емисии истровремено.
Телевизорот е прв во светот со т.н. синхронизирани „мулти-вју“ карактеристики што придонесува употреба на последната генерација на ОЛЕД (organic light-emitting diode) екрани.
Телевизорот овозможува две лица истовремено да гледаат различни фул-ХД содржини на ист екран со звук и управување. За да гледаат програма што ги интересира, корисниците мора да носат посебни 3Д очила кои имаат вградени звучници. Испораката се очекува од крајот на март иако засега компанијата засега не обелодени цена за телевизорот.