Турската банка „Зират“ планира да обезбеди кредити во висина од 40-50 милиони евра за грчките земјоделци, ако грчката Влада даде одобрение за тоа, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
Весникот истакнува дека земјоделците, бизнисмените и индустријалците во Грција се соочуваат со недостиг на заеми во земјата, која е погодена од тешка финансиска криза.
Ако планот биде одобрен двете филијали на „Зират“ банка во Грција ќе почнат со доделување кредити на грчките земјоделци. За кредитите ќе може да аплицираат и претприемачи.
Банката Зират планира проектот да го спроведе заедно со грчка банка.