Најголемиот број од јавувањата еко-линијата за Топилницата во Момин Поток

Од:

На 24.11.2017 година, Општина Карпош отвори телефонска линија за пријавување на загадување на животната средина на територија на локалната самоуправа. Од отворањето на т.н Еко-линија (078-257-640), за пријавување на палење смет, гуми, кабли, пластика и друг токсичен отпад на територија на Општина Карпош, до денеска, се забележани 64 јавувања од страна на граѓаните.

На повиците се одговара од страна на Секторот инспекторат при Општина Карпош. Досега, најголемиот број од јавувањата се однесуваат на работата на Топилницата која се наоѓа во населбата Момин Поток. По увидот од страна на инспектор на Општина Карпош, како и инспектори од Државниот инспекторат и Градот Скопје, со решение е задолжен субјектот да изврши мерење во процес на работењето на печката од страна на акредитирана лабораторија за емисијата на гасови од Топилницата. По добивање на Извештај со резултатите од мерењето ќе следат конкретни мерки од страна на надлежните институции. Исто така, карпошани пријавуваат и јавни површини со отпад кои се чистат од страна на комуналните редари на Општина Карпош.

За намалување на овој горлив проблем, Општината, уште на 6. ноември започна со дежурства и редовни контроли за спречување и санкционирање на потпалувачите на смет на јавните површини. Секојдневно се чистат и мини сметлишта (депонии), во повеќе урбани заедници во Општината. Продолжува интензивната комуникација и со Полициската станица Карпош, Министерството за животна средина и просторно планирање, како и со Државниот инспекторат за животна средина. Телефонската линија и понатаму е активна. Општина Карпош апелира за правилно користење на истата и за пријавување на загадување, единствено на територија на Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески