Претставка од семејството на Чавков до Народниот правобранител

Од:

Семејството на Митко Чавков вчера попладне до Народниот правобранител доставило претставка, потврдија за МИА од Канцеларијата на Омбудсманот.

Оттаму посочуваат дека ќе отворат предмет и ќе ги испитаат наводите во претставката.

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кому судот му одреди мерка притвор за случувањата во Собранието од вчера штрајкува со глад во затворот во Шутка.

– Психички е стабилен, но како реакција на неправдата што му е нанесена со определување на мерката притвор, како и товарење за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ донел одлука да штрајкува со глад, изјави за МИА Петар Василев, адвокат на Чавков.

Би можело да ве интересира

Селами: Враќањето на довербата во Народниот правобранител е клучен приоритет

Горан Наумовски

Фатон Сељами од Тетово е нов Народен правобранител

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител

Гаши апелира за политички договор околу изборот на Народен правобранител

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител