Помош за евакуција на 500 лица, од кои 167 се деца, од предградие на Дамаск, побара Јан Егеланд, совеник на Обединетите нации задолжен за хуманитарните прашања во Сирија. Тој ги повика светските сили да помогнат во евакуацијата од предградието Источна Гута, кое е под опасада на владините сили.
Според него, ситуацијата таму претставува хуманитарен итен случај, откако во последните неколку недели починале девет деца додека чекале дозвола од сириската влада за евакуација на болните и повредените и нивно хоспитализирање.
– Нема никаква зона за деескалација, во таа зона за деескалација има само ескалација, изјави Егеланд на прес-конференција во Женева.
– Неопходно ни е траен прекин на огнот за да можеме да нахраниме 400.000 лица, кои сега без никаков сомнеж, се наоѓаат во услови на хуманитарен итен случај, нагласи Егеланд.