Граѓанскиот форум ги детектираше најважните проблеми во Општина Карпош

Од:

Денеска, продолжи третата сесија од граѓанскиот форум, на која учесниците ги одбраа најсуштинските проблеми со кои се соочува Општина Карпош. Претставниците од урбаните заедници и жителите на локалната самоуправа разговараа за најбитните прашања кои ги тангираат сите граѓани на Општината.

Овозможување на проодни улици, и паркинг места, подигнување на свеста на граѓаните за селектирање на отпадот, изградба на паркинг –платформи во подрачјата каде што има најголема фрекфенција на сообраќај на територијата на локалната заедница, решавање на проблемот со хаварисаните возила, како и ревидирањето на Деталните урбанистички планови, се проблемите кои по пополнувањето на анкетниот лист се најдоа најгоре на ранг-листата, како прашања кои заслужуваат итност во решавањето.

Исто така, битни прашања за решавање на карпошани се и промената на азбестните покриви, и реконструкцијата на платото пред „Порта Влае“. Учесниците се согласија дека постои нужност , во иднина да се организираат поголем број на граѓански форуми, на кои ќе се дебатира за потребите на локалната самоуправа.

По приоретизирањето на проблемите, учесниците во денешниот граѓански форум разговараа подлабинки за нивното решавање, односно ги воочуваа сите аспекти и фактори кои се суштински важни при нивното решавање, соопштуваат од Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира