Француската министерка за одбрана Флоранс Парли денеска изјави дека и Европа, како и САД, може да биде цел на балистичка ракета од Северна Кореја.
Министерката Парли во изјава за француската телевизија БФМ рече дека „Пјонгјанг со испалување на интерконтиненталната балистичка ракета ја покажа својата растечка моќ“.
– Европа, исто како и САД, сигурно е ци радиусот на тие ракети, рече француската министерка и додаде дека главните градови на западна Европа би можело да бидат цел.