Утре ќе се решава за имунитетот на пратенците

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги достави до Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања, барањата за одобрување на притвор на пратениците инволвирани во настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

„Согласно член 53 став 5 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери, ги достави до комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје I Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција IV KOK.ПП. бр.384/17 од 28.11.2017 година“.

Неофицијално седницата на Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања ќе се одржи утре околу пладне.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски