VII седница на Мешовитата македонско-баварска меѓувладина комисија

Од:

На 28 и 29 ноември 2017 година, се одржа VII–та Седница на Мешовитата македонско-баварска меѓувладина комисија.

Со Седницата на која присуствуваа претставници од ресорни министерства ко-претседаваа Јадранка Чаушевска Димов, директор за билатерални односи со европски држави во Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Клаус Улрих, директор за меѓународни односи во Канцеларијата на германската Покраина Баварија.

Двете делегации ги поздравија постигнатите резултати преку имплементираните проекти во изминатите 17 години во областите од заеднички интерес. Континуираната експертска поддршка од Баварија, преку пренесување на знаења во различни полиња е од особено значење за приближување на нашата земја до европските стандарди.

Баварската страна го потврди интересот за продолжување на заложбите за партнерска и блиска соработка со Република Македонија.

Двете делегации договорија заеднички проекти во областа на економијата, јавната администрација, образованието и науката, внатрешните работи, правосудството, земјодолството и животната средина, кои ќе се имплементираат во наредниот двегодишен период (2018-2019).

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија