Германската канцеларка Ангела Меркел на денешниот Самит ЕУ-Африка во Абиџан вети поголема поддршка од страна на Европската унија за борбата на африканските земји против илегалната миграција.
– Многу е важно да ги поддржиме Африканците да ја прекинат илегалната миграција, за луѓето да престанат да страдаат во страшните кампови во Либија или да бидат предмет на трговија со луѓе, нагласи Меркел на самитот во Абиџан.
Миграцијата е главната тема на дводневниот Самит ЕУ-Африка особено откако неодамна беа објавени видеа на кои е прикажана продажба на мигранти како робови во Либија, што предизвикаа меѓународна осуда.