Утре почнува 19. издание на Таксират и 9. Десонанц

Од:

Десетина настани со учество на пвоеќе од 60 артисти ќе понуди деветнаесетото издание на музичкиот фестивал Таксират што во партнерство со Десонанц фестивалот ќе се одржи од утре до 9 декември во Младинскиот културен центар.

Катарина Евго, претставник на „Пасворд продукција“ која е организатор на Таксират, истакна дека гости на фестивалот се музички уметници од голем број земји од Европа, но и бројни претставници од македонската сцена. Посeбен сегмент ќе биде тридневната пин-конференција на која ќе учествуваат повеќе од 100 гости говорници, реномирани имиња кои стојат зад најреномираните фестивали во Европа, најголемите букинг агенции и најзначајните алтернативни издавачки дискографски куќи.

– Скоро 20 години Таксират ја покажува убавата страна на Скопје, а потврда за тоа е токму пин – конференцијата со која Скопје го претвораме во збирно место на креативната енергија и музичкиот пркос не само на артисти од домашната музичка сцена, туку и од целата европска сцена, како и на музички професионалци од коишто можеме многу да научиме кога станвуа збор за музичката индустрија, рече Евго.

Во вечерните часови, пак, предвидени се повеќе од 30 настапи на музички артисти од земјава, од регионот и од Европа, а ќе ги отвори концертот на австралиско-американската група „Лајерс“ и македонскиот бенд Палиндром. Меѓу учесниците се и Баба Зулу од Турција, нашите Баклава, Фолтинг и Културно-уметнички работници кои ќе го промовираат својот нов албум, како и Визељ од Белград, Ет Павлијон од Австрија…

Фестивалот на електронска музика – Десонанц како што рече неговиот директор Андреј Анчевски, ќе понуди поглед на новите текови и остварувања од електронската сцена ставајќи го Скопје на мапата на светот на електронска музика. Тој најави и враќањето на македонскиот сејберпанк бенд Киборг по пауза од 20 години.

Инаку, дел од Таксират годинава ќе бидат и концертот на 7 декември на Дарко Рундек, кој одбележува 20 години од неговиот прв албум „Апокалипсо“, а на 9. декември сцената на фестивалот ќе биде резервирана за најмладите алтернативни групи од домашната сцена во рамки на тн. Лузер фест.

Главната вечер што традиционално се одржува како заокружување на програмата на Таксират оваа година нема да се одржи во Метрополис арената на Скопски саем кој веќе не постои, туку во Вип арената Борис Трајковски со ексклузивен настап на пионерите на електронската музика – легендарните Крафтверк, на 27 февруари со импозантно 3Д-аудио-возулено шоу.

Би можело да ве интересира

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром