Отворен стечајот на „Фени“

Од:

Основниот суд во Велес го усвои предлогот на банките кредитори за отварање на стечајна постапка за металуршкиот комбинат „Фени“. Стечајот го иницираа Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и банката Силк роуд АД Скопје, поради долг од 60 милиони евра од кои 40 кон банките, а 20 кон останати доверители.

Судот ги прифати доказите на предстечајниот управник Мирослав Анастасиевски дека „Фени“ не е способен да ги подмирува долговите и дека фабриката има имот доволен за поведување стечајна постапка. За стечаен управник беше назначен предстечајниот управник Анастасиевски. Судот ги повика доверителите во рок од 15 дена од објавата во Сслужбен весник на Република Македонија да ги пријават побарувањата, а ги повика и должниците на „Фени“ да го подмират долгот кај стечајниот управник.

Претставниците на „Кунико рисорсис“ во чии рамки функционира „Фени“, како и претставничката на Енекод, која во исто време беше претставничка и на „Фени“, во четири наврати се обидоа да го опструираат денешното судење. Четири минути пред почетокот на судењето преставникот на „Кунико рисорсис“ побара да се одложи стечајот оти не биле исполнети условите за тоа. Откако ова барање не беше прифатено, претставничката на „Фени“ побара одложување на рочиштето за три до пет дена оти „Енекод“ доставил нова понуда, а времето им било потребно за да се договорат со банките.

И ова барање беше отфрлено, а нов обид за опструкција имаше откако предстечајниот управник го презентираше извештајот во кој наведе дека „Фени“ нема поднесено завршна сметка за 2016 година во Централниот регистар. Претставничката на „Фени“ рече дека завршна сметка е поднесена и дека извештајот не е потполн. За оваа замерка, банките и судијката укажаа дека „Фени“ имале доволно време да реагираат, бидејќи извешајот бил изготвен на 15 ноември.

„Ќе ги држиме за збор најавите дека ќе бидат исплатени платите на вработените и дека ќе се најдат инвеститори“, изјави генералниот секретар на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР), Маре Анчева.

Маја Илиевска Пачемска

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски