Бошњаковски: Институциите имаат должност да го расветлат случајот со упадот во Собранието од 27 април

Од:

Портпаролот на владата на Република Македонија изјави дека владата смета дека институциите имаат целосен кредибилитет и одговорност да ги расветлат случувањата од Собранието од 27 април.

– Сметаме дека институциите имаат должност да го расветлат случајот заради потребата од правда и владеење на правото во Република Македонија и никогаш повеќе да не се повтори такво нешто, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој кажа дека средбата кај претседателот Иванов на која што присуствуваа премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски била редовна појава во рамките на едни демократси проеси.

– Поканата дојде од претседателот Иванов и премиерот Заев беше присутен на таа средба. Таму се разговараше за сите отворени прашања и настани што се случуваа овие денови, рече Бошњаковски по денешната средба со новинарите во Владата на РМ.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите