Петтобвинетиот за насилството во Центар, Јордан Ристевски призна вина

Од:

„Минатата недела разгледувајќи ги дејствијата за кои сум обвинет сакам да изјавам дека се чувствувам виновен и се каам за делото“, изјави петтобвинетиот Јордан Ристевски, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за втор обвинет во насилството во Центар кој призна вина. Адвокатот Боро Тасевски му го откажа полномошното на обвинетиот којшто ја призна вината.

Обвинителката Фатиме Фетаи бара за него по признанието на вина да се раздвои постапката и судењето да продожи денес. Иако нема адвокат, одбраната за ова дело не е задолжителна.

Во овој случај на СЈО се обвинети 14 лица меѓу кои и екс премиерот Никола Груевски.

Бомбите на опозицијата, од кои се слуша дека Груевски му нарачува шамари на Јанакиевски за тогашниот градоначалник Жерновски, се доказ во судницата. Судењето на кое ќе сведочи и Жерновски е одложено за 7.декември.

Претходно, вината ја призна и се покаја и актуелниот советник од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар Томислав Лазаров, за што доби 6 месечна условна затворска казна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Судот одлучи: Насилен татко од Кисела Вода е избркан од семејниот дом откако со нож му се закануваше на синот

Горан Наумовски