Хаваи ќе ги тестира сирените за предупредување од нуклеарен напад

Од:

Хаваи ќе ги тестира сирените за предупредување на граѓаните од напад со нуклеарни ракети за прв пат по завршувањето на Студената војна

Хавајската агенција за итни интервенции објави дека тестирањето ќе се спроведе во рамки на месечното тестирање на системот за предупредување. Првиот работен ден од секој месец, сигналот на предупредување ќе се слуша од звучниците во траење од 50 секунди, по што следува пауза од 10 секунди, а потоа уште еден сигнал од 50 секунди.

Доколку Северна Кореја одлучи да ги нападне Хаваите, брзото предупредување е клучно, бидејќи жителите на островот имаат само 20 минути да се подготват за нападот.

– Пацифичката команда има само пет минути да го окарактеризира лансирањето на ракетата и во кој правец таа лета, што значи дека граѓаните имаат околу 15 минути да пронајдат засолниште, изјави администраторот на Агенцијата Верн Мијаги.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија