Пред Кривичен суд мирно, засега нема најави за нов протест

Од:

Утрово пред Кривичниот суд во Скопје е мирно и нема граѓани, а сообраќајот се одвива мирно.

Приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на семејствата на приведените останаа пред судот до рано утрово. Тие протестираа против преведувањето на лицата кои учествуваа во настаните во македонското Собрание од 27 април годинава.

На протестот вчера со свои говори се обратија членови на опозициската партија и актуелни и поранешни пратеници кои побараа ослободување на приведените.

Засега нема најави за нов протест пред судот, а таму се уште може да се забележат бурињата во кои беше пален оган за греење и поставените барикади, но нема засилено полициско присуство.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски