Како што инфомираат од Општина Велес, Советот на Општината на вчерашната седница донел одлука за донесување итни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во општината од 2018-2022, како составен дел од Планот за квалитет на воздухот.
Како што денеска информира Орце Николов портпарол на општина Велес, првата мерка е да се информираат правните и физички лица дека користењето на несоодветни и опасни материи – гуми, пластика, делови од мебел, масло од автомобил со нив е забрането да ги греат своите домаќинства и деловни и работни простории.
Втората мерка е забрана за палење оган на отворено, контејнери, стрништа. Како трета мерка им се забранува за трговските и угостителски објекти доставување и однесување на стока до објектите надвор од одредениот режим.
Со овие мерки на домаќинствата и колективните станбени згради и јавни установи се должни да вршат редовно чистење на оџаците. Како петта мерка му се препорачува на ЈКП „Дервен“ да врши редовно миењена улиците и тротоарите во вонредни околности-при зголемено аерозагадување.
Се препорачува на граѓаните користење на јавен превоз и едно возило за повеќе лица.