Јужнокорејските медиуми пишуваат дека Пјонгјанг се подготвува за нова ракетна проба, откако биле забележани радиосигнали и активиран радар во ракетната база на Северна Кореја.
Последните ракетни тестови Северна Кореја ги изврши на 15 септември.
Јапонските медиуми известуваат дека Владата во Токио е во состојба на подготвеност по регистрираните радиосигнали.