Ахмети до Мерко: Одлуката е конечна за Струга

Од:

Рамиз Мерко и дефинитивно нема да биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга на престојните локални избори. На консултативен состанок на партијата денеска и официјално била потврдена одлуката на Централното претседателство во Мала Речица пред три дена. Актуелниот пратеник Арбен Лабуништа влегува во градоначалничката трка за Струга и е наследник на неговиот сопартијец Мерко.

После консултативниот состанок одуката на партијата им била соопштена лично и на сите кандидати кои влегоа во потесниот круг. Како што дознаваме од партиски извори одлуката на Мерко, лично телефонски му ја пренел лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а при изборот на кандидати не биле земани во предвид само предлозите на месните подограноци туку и многу други фактори велат партиски извори за А1.

На состанокот било разговарано и за реакциите на дел од членството кое преку писмо вчера побараа од Ахмети  кандидат за Струга да биде Мерко и оти само со него загарантирана била победата на ДУИ во Струга. Како што дознаваме од партиски извори, истите биле експресно одбиени, а одлуката била прогласена како конечна. Официјализирани биле и имињата за кандидати за градоначалници во останатите општини.

Би можело да ве интересира

Мерко не сторил кривично дело кога купил луксузно „ауди“

Горан Наумовски

ДУИ одбележа 23 години од основањето, Ахмети побара предвремени парламентарни заедно со локалните избори

А1он

Ахмети: Албанците се над 30%, нема да дозволат да бидат слуги во својот двор

ВЛЕН: ДУИ се движи кон бездната, најновите зделки повеќе не можат да го спасат

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски

ДС: МВР да го спречи Ахмети да предизвика безбедносна криза