Турскиот премиер Билали Јилдирим изјави дека ЕУ е целосно збунета по гласањето за Брегизт и дека Унијата треба да ја преразгледа својата визија за проширувањето и за местото на Турција во него.
– По одлуката за Брегзит, ЕУ е сосема збунета. Тие треба да ја преразгледаат својата визија за иднината, до кој степен ќе се прошируваат и какво место ќе има Турција во тоа. Ние сме тука. Никаде нема да отидеме, изјави Јилдирим во Лондон.
Турција води преговори за членството во ЕУ од 2005 година, а односите меѓу Брисел и Анкара се нарушија по минатогодишната „чистка“ која што следеше по неуспешниот државен удар.
Турскиот премиер не верува дека кризата во Сирија може да се реши додека на власт е претседателот Башар ал Асад.
– Актуелниот режим е одговорен за начинот на кој се развиват работите во Сирија…Не мислам дека е реална перспективата да се изгради траен мир во Сирија, додека Асад е на својата функција, истакна турскиот премиер.