Директорот на Клиничката болница Штип се откажа од советничкиот мандат

Од:

Ален Ѓеорѓијев, кој што беше носител на советничката листа на СДСМ за Штип на локалните избори и директор на Клиничката болница, денеска соопшти дека се откажува од советничкиот мандат.

Тој беше обвинет од советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека „седи на две столчиња“ и дека има судир на интереси со извршувањето на двете функции.

– Мојот мандат е верификуван на 6 ноември 2017 година. Некој што сака да крши закони и да „седи на две столици“ не може три дена претходно самиот да бара мислење од антикорупциска комисија. Значи дијаметрално спротивни се ставовите дали јас имам судир на интереси или не. Единствена институција, која што може да го потврди тоа е државната Комисија за спречување на корупција, рече Ѓеорѓијев.

Директорот на Клиничката болница тврди дека барањето до Комисијата го поднел на почетокот на месецов и дека се уште нема добиено никаков одговор.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски