Еко – инспекторите во контрола на Момин Поток

Од:

Во засилената акција која ја започна Општина Карпош за расчиствување на мини депониите и контрола на потенцијалните загадувачи, денеска, претставници од Секторот инспекторат при Општина Карпош, заедно со инспектори од Градот Скопје и Државниот инспекторат за животна средина имаа работна средба во индустриската зона Момин Поток.

Со посебно внимание се изврши увид и контрола на Топилницата во Момин Поток, за која имаше контроверзни гласини и шпекулации од граѓаните и е констатирано дека не станува збор за топење на олово.

За поточни сознанија, на фирмата и е наложено во најскоро време да изврши специјализирани мерења од страна на акредитирана лабораторија, во присуство на претставник од Државниот инспекторат за животна средина кои ќе ја испитаат емисијата на гасови што ја врши Топилницата.

Во зависност од резултатите од мерењата ќе следат конкретни мерки кои ќе бидат преземени од страна на сите надлежни институции.

На средбата се разговараше и за комуналниот и градежен отпад кој е воочлив во овој дел на Карпош. Општината започна да ги чисти мини депониите на повеќе локации, но,освен тоа, за да не се повторува трупањето отпад, потребно е подигнување на јавната свест за да спречиме идно загадување.

Во оваа насока, ќе се направи уште една или повеќе средби, зависно од нивните потреби, со управителите на правните субјекти од Момин Поток кои ќе бидат од едукативен карактер, сé со цел да ја зголемиме информираноста кај сите страни за важноста од заштита на животната средина и чистиот воздух.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи