Министерот Николовски во официјална посета на Катар

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, од денеска е во официјална дводневна посета на Катар. Во текот на денешниот ден, министерот Николовски имаше средба со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан Ал Мураикхи.

На средбата, министрите разговараа за билатералните односи на двете земји, како и за идните чекори за унапредување на соработката, со посебен акцент на трговската соработка меѓу двете земји.

Воедно, денеска, во рамки на посетата министерот Николовски, имаше работна средба и заменик- главниот извршен директор на катарскиот државен фонд за инвестиции „Хасад Фуд“, г-дин Ал Кувари, чија што основна дејност е насочена кон ивестирање во секој континент.

На средбата, беа претствени низа можности кои беа предмет на интерес на катарската страна, а се од особено значење за развој на македонскиот рурален сектор. Исто така предмет на разговор меѓу двете страни беше и можноста за извоз на македонски земјоделски производи во Катар.

Во рамки на посетата, утре министерот Николовски, ќе има средба со министерот за земјоделство на Катар и со претстваници на државната „Катар Инвестмент Ауторити“, (основач на „Хасад Фуд“), што важи за највиско тело во областа на инвестициите.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници