Теодосије: Полицијата изврши рација во манастирот Грачаница

Од:

Епископот рашко-призренски Теодосије денеска изјави дека косовската полиција извршила рација меѓу посетителите на манастирот во Грачаница, со што свеченоста паднала во сенка на недоличното и провокативно однесување на полицијата.

Во Грачаница денеска се уапсени девет момчиња од северниот дел на Косово по божиќната литургија, која се одржа во манастирот.

– Со вакво однесување косовската полиција ги спречува верниците да ги посетат своите храмови и на крајно примитивен начин покажува бруртална сила, истакна владиката Теодосије.

Тој, исто така, изрази големо незадоволство поради некоректниот однос на косовските институции кон српските функционери, на кои им беше забрането да ги посетат светилиштата на СПЦ. Според него, странските претставници биле збунети и шокирани од денешното однесување на полицијата.

– Имајќи ги предвид инцидентите кои косовската полиција ги предизвика лани на Видовдан, речиси е правило секој верски празник на Православната црква да помине во страв од полициски терор и апсења, соопшти Рашко-призренската епархија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија