Изложба на која ќе биде претставено двегодишното искуство со бегалците кои потекнуваат од воените зони што се движат од Турција и Африка до Балкан и до централно – северна Европа, од денеска до 29-ти овој месец ќе биде отворена во просториите на Мала станица, во рамките на проектот „Мала соба” во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и LEGIS.
Проектот „Мала Соба” има за цел да ја информира и да ја подигне свеста на јавноста за проблемот со бегалците, фокусирајќи се на неговите повеќекратни димензии: големината на оваа хуманитарна драма, моќта на солидарноста, заканата од неконтролираното дејствување на нелегалните групи за трговија со луѓе и нивното негативно влијание врз европскиот азил, итната потреба од дејствување на европските власти, активирање на рефлексите на европските граѓани, активно учество на младите луѓе, како и универзитетските институции низ цела Европа.