Делегација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) ќе присуствува на 6. Самит на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) во Будимпешта, како и на Економскиот и трговски форум на кој учествуваат над 500 компании од 16 земји од ЦИЕ и НР Кина.
ССК е единствена организација во регионот која има потпишано Договор за зајакнување на економската соработка меѓу Република Македонија и НР Кина.
Делегацијата на ССК во Будимпешта ја предводи претседателот Данела Арсовска.