Денеска во северните области на хималајската држава Непал се одржуваат парламентарни и регионални избори, под засително полициско присуство поради серијата бомбашки напади.
Вчера експлодираше импровозирана бомба пред куќата на поранешниот премиер и опозицискиот активист Шарма Оли, а полицијата уапси 500 припадници на Комунистичката партија на Непал, за да спречи посериозни насилства.
Денес гласаат околу 3 милиони гласачи во северните боласти на земјата, а на 7 декември ќе гласаат граѓаните на главниот град Катманду и во јужните делови.