Арсовска – Капур: Потенцијал за пласман на македонски производи на индискиот пазар

Од:

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Индија за Република Македонија, Пооџа Капур.

На официјалната средба, на која се разговараше за воспоставување поинтензивна економска соработка, присуствуваа и претседатели на секторските комори во рамки Сојузот и беше потпишан меморандум за соработка со Балканско индиската бизнис асоцијација (БИБА) која делува во насока на проширување и развивање на економската соработка меѓу балканските земји и Индија.

„Зајакнување на економските врски, продлабочување на економската соработка како и унапредување на трговската размена меѓу државите за искористување на потенцијалот на индискиот пазар за македонските компании се нашите заложби за следниот период“, истакна Арсовска и додаде дека Меморандумот за соработка се очекува да обезбеди деловна комуникација, да поттикне иницијативи за заеднички учество на конференции, симпозиуми како и актуелна размена на податоци во насока на подобрување на деловните односи.

Индија, во последните години бележи значителен економски раст. Во 2016 година вкупната трговска размена меѓу двете земји изнесувала 58,4 милиони евра, од кои извоз 17,4 милиони евра, а увоз 41 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски