(ВИДЕО) Фетаи: За останатите обвинети за насилство во Центар нема да прифатиме поблаги казни

Од:

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи изјави дека се задоволни од пресудата за Томислав Лазаров и рече дека СЈО нема да поднесе жалба.

Таа посочи дека за ова дело казните се од шест месеци до пет години затвор. За Лазаров ја прифатиле пресудата затоа што тој, како што рече Фетаи, на време ја признал вината.

Судот донесе пресуда за обвинетиот Томислав Лазаров, кој призна вина за насилството во Општина Центар – шест месеци условна казна, која ќе му се изрече ако во следните две години стори кривично дело.

Лазаров пред судот изјави дека се откажува од правото на жалба и повтори дека длабоко жали и се кае за делото што го направил.

Тој пред новинарите изјави дека не сака да коментира за другите обвинети во случајот и не одговори дали стравува од закани и притисоци од сопартијците. Рече дека е благодарен што судот ги зел предвид олеснителните околности при изрекувањето на казната.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме