Димитров се сретна со новата амбасадорка на Индија за Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонијa Никола Димитров, денес ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Република Индија во Република Македонија со седиште во Софија, Поџа Капур.

Посакувајќи ѝ успешна дипломатска мисија, министерот Димитров изрази очекување дека амбасадорот Капур ќе даде значаен придонес во унапредувањето на сeвкупните односи меѓу двете земји, а посебно во екномската сфера, за што постои силен интерес кај двете страни.

Министерот Димитров и амбасадорот Капур го афирмираа интересот за продлабочување на редовниот дијалог, одржување политички консултации и размена на посети на министерско ниво во 2018 година.

Амбасадорот Капур изрази подготвеност значаен фокус во нејзината дипломатска мисија во Република Македонија да биде ставен и во продлабочување на соработката во културата, образованието и здравството меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија