ВМРО-ДПМНЕ: Судии со дупло помал стаж и драстично помалку бодови се избрани за судии во Апелација

Од:

„Ништо од реформите во судството. СДС го клекнува на колена судскиот систем. СДС врши брутален притисок и невидена партизација.

Судскиот совет отворено и под политички диктат го прекрши законот за судови во делот за избор на судии. Согласно член 46 став 1 алинеја 2 од законот за судови за судија за Апелациониот суд може да биде избрано лице кое: е оценет со највисока позитивна оценка и во однос на другите пријавени лица има добиено најголем број на бодови.

Новоизбраните судии кои ги избра владата на Зоран Заев имаат помали оценки и помал стаж. Судии со дупло помал стаж и драстично помалку бодови се избрани за судии во Апелација. Тоа е така бидејќи зад нив стои партијата на власт. За судии во Апелациониот суд се избраа сопругата на членот на ДИК од СДС, Тања Милева и кумот на висок функционер од СДС, Зоран Герасимовски.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува Јавното обвинителство да реагира, и да го испита работењето на дел од членовите на Судскиот совет и јасното кршење на законот за судови член 46 став 1 алинеја 2.

Со оваа одлука која е донесена од страна на владата на СДС очигледно се нарушени и барањата за реформи и препораките на Прибе, со што ВМРО-ДПМНЕ повикува и на реакција на Европската Комисија и сите релевантни субјекти на меѓународната заедница“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО