Избрани нови судии

Од:

Судскиот совет на денешната седница избра судии и претседатели на судови за основните, апелационите и за Врховниот суд. На седницата беа избрани претседатели на основните судови – во Ресен, Емел Кранли Али, која беше едногласно избрана, Снежана Манев исто така едногласно е избрана за нов претседател на Основниот суд Куманово, Хацан Аасан е претседател на Основниот суд Тетово, а за дебарскиот Основен суд не беше избран претседател.

Наке Георгиев е избран за нов претседател на Апелациониот суд Штип, а Александар Камбовски едногласно беше избран за судија во битолска Апелација. За скопскиот Апелационен суд се пријавиле рекордни 73 кандидати, од кои еден не ги исполнувал условите. Тања Милева е избрана за кривична материја, а Зоран Герасимовски од судот во Тетово и Мелеб Алија Елези се избрани за скопска Апелација за граѓанска материја.

Апелациониот суд Скопје бараше двајца судии од кривична материја и двајца од граѓанска, но беа избрани само тројца, односно не беше избран судија кривичар од редот на заедниците. Африм Фидани од листата на заедниците со 12 гласа „за“ и еден „против“ беше избран за судија на Врховниот суд.

Меѓу имињата на кадидатите можеше да се забележи и името на судијката Татјана Михајлова, која повлече две од своите кандидатури, за Основниот суд во Ресен и за Апелациониот во Битола, но остана за скопска Апелација. Михајлова во јавноста стана позната по случаите на специјалното јавно обвинителство, а меѓу другото, на обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи им пресуди казна од по 2.000 евра поради непочитување на судот. Таа во еден период беше на функцијата вршител на должност претседател на Основниот суд Скопје 1, но се повлече без објаснување.

Би можело да ве интересира

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Случајот со Невена Спасеска повторно од Собранието: Обвинувања за корупција во Центарот за социјална работа

Предраг Петровиќ

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Филипче: Оксиморон е со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство

Џолев: Не сме тука да водиме војни, проблемите во судството се заеднички

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители