Димитров и Захариева: Договорот за добрососедство да влезе во сила што поскоро

Од:

Договорот за пријателство со Република Македонија може да влезе во сила до крајот на годината.

Најавата произлезе од денешните разговори на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Никола Димитров и Екатерина Захариева во рамки на првата заедничка седница на владите на двете земји.

Двајцата први дипломати изјавија дека ќе вложат напори парламентите на двете земји, што е можно поскоро да го ратификуваат договорот.

Бугарската министерка Захариева изјави дека се радува на заедничката седница на двете влади во Струмица.

Таа изрази оптимизам за европската интеграција на Балканот по поддршката од страна на Фредерика Могерини и Жан Клод Јункер кои, рече, го посочија регионот како еден од најважните приоритети на ЕК.

Димитров и Захариева денеска потпишаа и Платформа за активирање на соработката меѓу двете министерства.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија