Белгискиот министер за надворешни работи Дидие Рејдерс го отповика амбасадорот во Република Конго, Јан де Брун.
Де Брун ќе остане на дипломатска служба, но ќе се врати во Белгија, откако властите во Република Конго по се изгледа не го прифаќаат, изјави министерот.
При неодамнешната посета на бизнис делегација на Бразавил, организирана од Фламанскатра агенција за извоз, во која беа вклучени бизнисмени од Брисел и од Валонија, Де Брун на средбата во Амбасадата говорел единствено на фламански и ниту еднаш не ја споменал Белгија, а при тоа упатил остри критики кон државата домаќин и нејзиниот претседател.
Весникот „Соар“ пишува дека амбасадорот демантира оти зборувал за корупцијата во африканската земја и оти ја критикувал сопругата на претседателот.
Претседателот на Република Конго Денис Сасу Нгесо, кој управува со земјата од 1979 година со петгодишен прекин е познат во западните медиуми, како личност поврзана со голем број случаи на корупција.