Судскиот совет дозволи повторување на постапката за разрешувањето на Митриновски

Од:

Судскиот совет на Република Македонија дозволи повторување на постапката против Јордан Митриновски – судија на Апелацискиот суд Скопје, по донесена пресуда на Европскиот суд за човекови права во која е констатирана повреда на член 6 од Конвенцијата за заштита на човекови права и основните слободи, се вели во соопштението од Судскиот совет на РМ.

Во него се додава дека согласно член 80 став 3 од Законот за Судски совет на Република Македонија формирана била Комисија за спроведување на постапката, која во текот на годинава закажала расправи за 27 февруари, 24 април и 11 мај, што ги одложила по барање на Јордан Митриновски и неговите бранители.

Расправата закажана за 21 ноември годинава Комисијата ја одржала во присуство на подносителот на барањето за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција, а во отсуство на судијата уредно повикан.

Би можело да ве интересира

Малку судии и многу неработни денови – причини за неажурноста на судовите во првиот квартал, констатираше Судски совет

Камбовски: Разрешениот судија Енвер Беџети има право на жалба

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Кривичен суд Џолев избран за судија во Апелација

Катерина Ѓуровски

Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд

Катерина Ѓуровски

Разрешувањето на претседателот на Судскиот совет да биде јавно, предвидува предлог-законот

Катерина Ѓуровски

Камбовски: Финансиската зависност ја уништува судската независност, да се промени начинот на кој се прават реформите