„Охридско лето“: Хворостовски ќе остане меѓу најголемите ѕвезди во историјата на фестивалот

Од:

Фестивалот „Охридско лето“ жали за големата загуба, смртта на светската оперска легенда Дмитри Хворостовски.

Вечно ќе му бидеме благодарни на овој музички гениј, кој на отворањето на „Охридското лето“ во 2013 година одржа спектакуларен концерт во Античкиот театар, соопшти Дирекцијата на фестивалот по веста дека рускиот баритон починал синоќа на 55 години по тешко боледување во својот дом во Лондон.

Од Дирекцијата наведуваат дека Хворостовски одушевил со неговата скромност и харизма и дека ќе остане запишан во фестивалската историја како еден од најголемите ѕвезди кои настапиле на „Охридско лето“.

Ја пренесува и неговата изјава по концертот во Охрид каде пристигна заедно со синот Максим: „Македонската публика е многу топла и пријателска. Бев многу среќен што пеев на оваа сцена, возбуден од целата убавина што ме опкружува. Сигурно пак ќе дојдам со моето семејство“.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма