Портпаролката на Стејт департментот, Хедер Науерт изјави дека по оставката на претседателот Роберт Мугабе народот на Зимбабве сака „нова ера“ и крај на меѓународната изолација.
Науерт истакна дека Вашингтон не знае какви дејствија ќе бидат преземени за краток период во однос на управувањето во Зимбабве. Таа нагласи дека сепак треба да се одржат „слободни и чесни избори“.