Заев се сретна со лидерот на Народна странка, Вук Јеремиќ: Потребна е соработка и со опозициските партии во Србија

Од:

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на маргините на официјалната посета на Република Србија, се сретна со делегација на Народната партија во Србија (Народна странка), што ја предводеше претседателот на партијата Вук Јеремиќ.

Заев, во придружба на членови на највисоките партиски тела на СДСМ, воедно и министри, како потпретседателите Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски, ги информираа претставниците на НС во Србија со резултатите од посетата на Република Србија и од средбите со премиерката Ана Брнабиќ, и Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.

Лидерот на СДСМ изрази задоволство од посетата и од иницираните проекти за продлабочување на соработката меѓу двете земји, и истакна дека за овие иницијативи очекува поддршка и од опозициските партии во Република Србија.

Претседателот на НС, Вук Јеремиќ изрази благодарност од можноста за средбата и за издвоеното време за размена на информации и искуства од интерес за соработката меѓу двете партии, особено во делот на евроинтеграциските процеси за кои, како што забележа Јеремиќ, добиваат на интензитет во сите земји во регионот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Возач загина во судир на камиони кај Стара Пазова

А1он

Во Германија откриен вирус Хепатитис А во смрзнато овошје од Србија

А1он

Цариниците најдоа злато скриено во чорапи на српско-црногорската граница

А1он

Хаос во репрезентацијата: Ватерполистите се изјаснија – 11 од нив повеќе не сакаат да играат за Србија

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 4,1 степен во Србија, почувствуван и во Унгарија и Хрватска

Вујиќ-Обрадовиќ: Грција времено ќе го суспендира EES системот за српските туристи