ВМРО-ДПМНЕ:Тевдовски манипулира со квази мерки за вработување, а во позадина ги зголемува даноците

Од:

„Тевдовски ги манипулира граѓаните и фирмите со квази мерки за вработување, а во позадина ги зголемува даноците и ја презадолжува Република Македонија.

Тевдовски го проектираше досега најобемниот Буџет во историјата на државата, базиран на огромно задолжување од скоро една1 милијарда евра, без никаков раст во делот на капиталните инвестиции.

Со неоснованото задолжување Република Македонија од следната година за прв пат ќе ја надмине границата од 50% на јавниот долг, а до 2020 година истиот ќе надмине 53,5 отсто, како што пишува во тригодишната стратегија на Владата на Република Македонија. Ова ќе предизвика зголемена инсолвентност и неможност државата навремено да си ги сервисира долговите.

Политиките на СДС во економијата се кошмар за граѓаните.

Граѓаните од следната година ќе плаќаат повисока акциза за нафтата од 3,5 денари по литар, ќе се соочат со инфлација од 4,3 отсто на производите на мало, а платите веќе почнаа да паѓаат.

Досегашната реализација на оперативните планови со мерките за вработување кои ги спроведуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години опфати повеќе од 102.000 невработени лица, а од нив непосредно вработени се над 43.000 лица. Изминатите години за реализација на оперативните планови издвоени се над 50 милиони евра. Последната 2016 година 32.141 лице учествувало во некоја од предвидените активности, а 9.481 лице се ново вработени.

Економскиот хаос кој СДС го создаваат ќе има далекусежни последици по македонската економија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата