Грижа и инклузија на децата и младите од Карпош

Од:

Грижата за младите, нивната едукација и пред се, инклузија во општеството, остануваат приоритет за локалната самоуправа во Карпош. Токму по тој повод, а во рамки на „Деновите на Општина Карпош“ градоначалникот Стефан Богоев, заедно со членови од Советот на Општината денеска ги посети СОС Детското село во Бардовци и Монтесори центарот во ООУ „Аврам Писевски” .

При посетата во СОС Детското село, градоначалникот Богоев заедно со вработени од Секторот за детска, социјална и здравствена заштита од Општината, како и претставници на Детското село искажаа подготвеност за склучување на Меморандум за соработка, кој би ги отворил вратите за подлабока и потемелна соработка меѓу локалната власт и оваа специфична група млада популација.

Градоначалникот Богоев понуди неколку конкретни идеи околу начинот на идната соработка:

– Подготвени сме да настапуваме партнерски, заеднички да реализираме проекти за дополнително вклучување на децата од оваа установа во едукативни активности, но, и да ја подигнеме јавната свест за системска поддршка на овие млади граѓани, потенцираше Богоев.

Претставници од СОС Детското село, говореа за позитивни искуства кои се спроведуваат во земјите членки на Европската Унија, а се однесуваат на социјалната заштита на децата без родители и родителска грижа, деца сираци, напуштени деца или деца чии семејства не се во можност да се грижат за нив.

Токму таква мисија има и СОС Детско село, кое на овие деца им дава можност да изградат трајни семејни врски. Тие искажаа задоволство од поддршката од нивната општина, и по тој повод на градоначалникот Богоев му врачија благодарница за хуманост и исклучителна поддршка.

Првиот човек на Општината денес го посети и „Монтесори центарот за едукација“ кој згрижува околу 20 дечиња на возраст од 3 до 6 години, а кој во Карпош функционира од 2012-та година. Наставниот кадар во Центарот работи на едукативна поддршка и социјална инклузија на децата од Злокуќани и Бардовци од предучилишта возраст.

Во оваа прилика, градоначалникот Богоев на децата посетители на Центарот им додели социјални пакети со средства за хигиена, кои граѓаните на Карпош ги донираа во рамки на акцијата “Да бидеме хумани за нашите соседи”.
соработка.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира