Карпош подава рака на највозрасните

Од:

Во духот на Неделатата за грижа за стари лица, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев придружуван од дел од членовите на Советот на Општината, денеска беше во посета на Домот за стари лица во Злокуќани, „Мајка Тереза”,.

Во пријатна атмосфера и добро расположение, станарите на оваа установа се заблагодарија за тоа што локалната самоуправа излезе во пресрет и ги реализираше дел од ветувањата за подобрување на условите за престој во домот.
Имено, пред неколку дена, се санираше пристапниот под до берберскиот салон во Домот за стари лица, а се изведоа и други тековни зафати за зголемување на безбедноста во оваа установа.

При посетата на овој дом, Богоев им подели и дел од социјалните пакети со храна на највозрасните наши сограѓани кои карпошани ги донираа во хуманитарната акција „Да бидеме хумани за нашите соседи”.

– Секогаш ќе се грижиме за повозрасните, за оние кои го даваат духот на Карпош и кои со својот целоживотен ангажман придонесоа за развојот на нашата општина.

Затоа предвидуваме и нови содржини во овој дом кои ќе го збогатат вашето слободно време. Планираме уредување на дворот, негово разеленување и приспособување за летниот период, вети Богоев.

Вработените во Домот за стари лица “Мајка Тереза” се заблагодарија за поддршката од Општина Карпош и ја поздравија иницијативата за мегуѓенерациско дружење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи