Несреќен случај при собирање дрва во атерот на село Доброште, загина малолетно девојче

Од:

Малолетно девојче од село Доброште починало од повреда на главата, здобина при скок од возило „Махиндра“, додека собирала дрва со својот татко во атарот на селото.

Како што информира МВР, случајот во Полициско одделение Тераце го пријавил вчера во 23.00 часот Б.Б. (46) од село Доброштe, иако инцидентот се случил околу 15:00 часот додека тој заедно со неговата малолетна ќерка биле во атарот на селот да собираат дрва.

Додека пријавителот собирал дрва, а неговата ќерка била во возилото, тоа од непознати причини се отпуштило и тргнало надолу, а кога истото го забележала неговата ќерка скокнала од самото возило при што удрила во камен и се здобила со повреди во пределот на главата. Тој го зел девојчето во раце и пеш тргнал кон селото, со цел да ја однесе во болница и додека се движел го сретнал А.А. од истото село кој со возило „Џип“ ги однел до село Доброште. Кога пристигнале, забележале дека од здобиените повреди малолетното девојче починало и одлучиле да не ја носат во болница, туку ја однеле дома во нивната семејна куќа. Бидејќи пријавителот бил видно вознемирен, случајот веднаш не го пријавил во полиција.

Телото на починатото дете, од страна на семејството со асистенција на полициски службеници е предадено во судска медицина за обдукција.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници