„Јакнење на капацитетите и ресурсите во услови на мигрантска криза на Западен Балкан“ е насловот на меѓународната тркалезна маса што денеска ќе се одржи на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Експерти од земјава и од регионот ќе дискутираат за причините и последиците од меѓународните интервенции на Блискиот Исток и Северна Африка, како се менаџираат кризните состојби, како функционираат службите за цивилна заштита.
Тркалезната маса ја организираат Филозофски факултет, Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево (ФККБС) и Универзитетот за применети науки од Велика Горица, Хрватска.