Комунални и градежни инспектори на Општина Карпош започнаа со контрола на неколку поголеми градилишта на територија на Општината со цел да се направи увид колку се почитуваат правилата за градба и заштитата на околината околу објектите.
Кај објектите кај коишто е извршен вонредниот увид, констатирано е дека кај сите исконтролирани градби оградувањето зафаќа и дел од јавната сообраќајна површина. Со тоа директно се создаваат потешкотии за безбедно движење на пешаците, се отежнува сообраќајот по коловозите и се создава шут во близина на други објекти на што реагираа граѓаните, но и општинските служби.
После извршениот увид, за еден инвеститор е изречена прекршочна санкција, додека друг инвеститор веќе постапил согласно дадениот налог и укажувања. За два инвеститори се уште тече рокот за отстранување на утврдените неправилности, соопштуваат од Општина Карпош.