Грчките црковни портали го коментираат барањето на МПЦ-ОА до БПЦ

Од:

Под насловите „Автокефалност од бугарската патријаршија бара расколничката македонска црква“ и „Расколничката македонска црква подготвена да ја признае Патријаршијата на Бугарија како мајка-црква“, специјализираните сајтови за црковни вести во Грција, „Ортодоксија“ и „Ромфеа“ ја пренесуваат веста за дописот испратен од МПЦ-ОА до БПЦ, а објавен од бугарските медиуми.

Во текстот објаснува дека условот што македонската црква го поставила е да ѝ биде признаена автокефалноста.

Во опширниот текст, новинарот коментира дека контактот на МПЦ-ОА и на БПЦ не бил случаен, затоа што како што пишува, во 2015, бугарскиот патријарх Неофит официјално го примил г.г Стефан.

Со сличен коментар е и текстот објавен на сајтот за црковни вести „Ромфеа“. Се споменува барањето од МПЦ-ОА за воспоставување евхаристиско единство и за, како што пишува порталот, „историската шанса патријаршијата да стане мајка- црква, на т.н. македонска црква“.

Би можело да ве интересира

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

Затвореник избега од болница во Грција

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви

Србинка падна додека возеше џет-ски во Грција и загуби свест

А1он