Задолжување со 75, наместо 250 милиони евра

Од:

Владата наместо најавеното задолжување од 250 милиони евра, ќе се задолжи само 75 милиони од Дојче Банк, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески.

Според него во текот на годината се остава можност зависно од условите на пазарот да се види дали ќе се оди со дополнително задолжување.

„Договорот и разговорите со Дојче банк се во финална фаза. Со оглед на тоа дека во последните 30 дена има влошување на состојбите на пазарот на капитал во Европа поради неизвесноста со изборите во Грција и состојбите во Шпанија и Италија, најверојатно ќе одиме на опција на помало задолжување од иницијално предвиденото. Во оваа фаза разговараме за 75 милиони евра кои може да ги добиеме по цена која е прифатлива за нас“, изјави министерот Ставрески.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година