„Ербас“ на почетокот на оваа година вети дека до декември, неговиот прототип на „летечки автомобил” првпат ќе биде подложен на тест.
А, дека тој проект напредува, покажуваат и новообјавените фотографии, на кои, на пример, нивниот тим од Калифорнија работи на два прототипа од возилото на иднината. Претставувањето и д емонстрации на автомобилот ќе се одржи во центарот за тестирање Пендлтон во американскиот сојузната држава Орегон.
Проектот за развој на „летечкиот автомобил” на „Ербас“, познат под името „Вахан“, почна минатата година, со крајна цел да се создаде автономно електрично летечко возило кое ќе може да лета во градски средини каде метежот е честа појава.
Летечкото возило ќе може да се купи на пазарот во 2020 година.