Индустриските погони на Тесла, во кои моментно се изработува автомобилот „Модел 3“ е на највисоко технолошко ниво.
Најголемиот дел од работата во фабриката го вршат роботи, кои ги вградуваат дури и седиштата и инструмент таблата – монтажи што вообичаено ги изведуваат работници.
Сепак, извештаите говорат за пад на продажбата на „Моделот 3“ во третиот квартал од 2017 година, но и за доцнењето на производство и испорака на нови возила наменети за над 400.000 купувачи.