(ВИДЕО) Стојаноски: СДС со ребалансот скрати дополнителни 55 милиони денари од средствата за изградба на студентски домови

Од:

„Јавноста е се поуверена дека СДС бесрамно лежеше во текот на кампањата. Тие покажуваа лажно душегрижништво и ветуваа брда и долини, а сега кога се на власт прават сосема спротивно.

СДС, Заев, Богоев, Атанасов и другите лицемери во СДС ветуваа изградба на студентски град во Скопје со фитнес сали, библиотеки, читални, кино сали, ресторани, па дури и нови студенстки домови во Битола Штип и Тетово. Да биде уште поочигледна нивната лага тие за во Штип ветуваа студенстки кампус за сместување до 300 легла и тоа до крајот на 2017 година.

За тоа колку им биле приоритет студентите и нивниот стандард говори фактот што со најновата пренамена на средства, или ако сакате мини ребаланс кој набрзина и тајно го прекрои владата на Заев, беа скратени уште 55 милиони денари или скоро 1 милион евра од средствата предвидени за изградба на студентски домови.

Ова значи дека наместо нов студенстки дом до крајот на 2017 година, како што ветуваа СДС, ќе се скратат парите и за реновирање и поправка на постоечките сместувачки капацитети.

Студентите како и останатите граѓани беа излажани. Неодговорната власт на Заев и СДС се задолжува и троши стотици милиони евра, а и тие средства кои беа наменети за студентите сега се пренаменуваат за други цели“, изјави Бојан Стојаноски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот